Проектирање



ДИФ Базени ги врши сите фази кои опфаќаат проектирање на безените кои ги изработува
 

Изведба



Диф Базени целокупно го опфаќа процесот на изведба на вашиот базен со сите фази
 

Одржување и Конзервирање

Диф Базени исто врши и одржување на вашиот базен по најповолни услови
 

Соларно Греење



Соларно греење со SOLAR-RAPID
® И Диф базени за вас

ПРОЕКТИРАЊЕ И НАДЗОР

ПРОЕКТИРАЊЕ
ДИФ Базени како прва фаза од изработка на вашиот базен врши изработка на целата потребна
техничка документација која мора да ја поседува секој клиент при изработка на ДИФ Базен
Оваа фаза опфаќа изработка на нацрти за :
- Статички нацрти
- Нацрт на поставеност на елементи
- Нацрти за електро инсталација
- Нацрт за водна инсталација
Овие нацрти се од голема важност при изведбата на ДИФ Базенот, како и за добивање на дозвола за градба доколку се работи за изведба на јавен базен
НАДЗОР
Како еден од најважните фази во изработката на базенот е секако и надзорот над работата при изведбата.

Нашите стручни лица ќе се погрижат да сите фази од изведбата на базенот поминат беспрекорно, и се да биде по претходно зацртаните нацрти и планови.

Сите овие активности се во склоп на понудата која ќе ви биде доставена заедно со сите други технички информации кои ви се потребни за да се запознаете со сите детали околу изведбата на вашиот базен.

Документи

ИЗВЕДБА - Ископ на школка

Поради различниот терен и пристапот до него ДИФ Базени за Вас ископот ќе го прави после извршено теренско испитување индивидуално со секој од Вас се со цел да се избегнат било какви проблеми со базенот во иднина.
Ископот на школката за базенот може да биде од наша фирма или може да се изведе и со фирма која ќе ја избере клиентот по негова желба, но мора за време на армирањето да биде присутна наша стручна екипа со цел поставување на дел од елементите кои мора да се постават во таа фаза од изведбата на базенот
ИСКОП НА ШКОЛКАТА ЗА БАЗЕНОТ

Бетонска Конструкција

БЕТОНСКА КОНСТРУКЦИЈА
Количината и Видот на материјалите кои треба да се користат при изведбата на бетонската конструкција се специфицирани во статичкиот проект.
Сл.1  Тројно хоризонтално армирање на ѕидовите со вградување на челични ленти и нивно бочно анкерување од страните.
Сл.1 Армиран бетонски под со армирани ѕидови (самоносиви) од бетонски тули од страните.
Бетонската конструкција мора да се изведе во согласност со статичкиот проект кој ДИФ Базени ќе ви го изработи предходно, и мора да биде изведена под надзор на наши стручни лица, со цел да се обезбеди доследна изведба според проектот.

Поставување на опрема

Сл. 1 Основна опрема на еден ДИФ Базен
ОСНОВНА ОПРЕМА НА ДИФ БАЗЕН

Во основна опрема спаѓаат :
- Скимери
- Дизни
- ПЦВ опрема
- Сифон
Вградени подводни Лед светла кои претставуваат значаен дел од мозаикот за оптимален ДИФ Базен и внесуваат чувство на романтичност
Изолаторна и тапацирна пена е одличен еластичен материјал за основата која има значајна изолаторна вредност и обезбедува механичка и хемиска заштита на ПВЦ фолијата
ПВЦ фолија со дебелини од 0.8мм, 1.5мм и армирана фолија со дебелина од 1.5мм. Водоотпорен материјал, висока УВ заштита, отпорност на хлор со долг век на траење и долгогодишна гаранција на квалитет.
Вградени подводни Лед светла кои претставуваат значаен дел од мозаикот за оптимален ДИФ Базен и внесуваат чувство на романтичност
Изолаторна и тапацирна пена е одличен еластичен материјал за основата која има значајна изолаторна вредност и обезбедува механичка и хемиска заштита на ПВЦ фолијата
Монтирање на долен висен елемент сливник со намена за собирање на нечистотијата која се јавува на подот од базенот.
ПВЦ фолија со дебелини од 0.8мм, 1.5мм и армирана фолија со дебелина од 1.5мм. Водоотпорен материјал, висока УВ заштита, отпорност на хлор со долг век на траење и долгогодишна гаранција на квалитет.
Сл. 1 Основна опрема на еден ДИФ Базен
ОСНОВНА ОПРЕМА НА ДИФ БАЗЕН

Во основна опрема спаѓаат :
- Скимери
- Дизни
- ПЦВ опрема
- Сифон
Монтирање на долен висен елемент сливник со намена за собирање на нечистотијата која се јавува на подот од базенот.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМА

Полнење со вода

Хемиско кондиционирање на водата

Сервис за одржување на водата во базенот

Стручни совети.
ПОЛНЕЊЕ СО ВОДА

Обложување на базенот

Елегантен финиш со материјали по Вас избор.

ДИФ Базени за Вас го дава конечниот изглед на базенот.

ОДРЖУВАЊЕ

Физичко Третирање на базен

- Чистење на дното од базенот
- Перење и плакнење на филтерот
ДИФ Базени во својот спектар на активности врши и соодветно одржување како на базените кои ние ги изведуваме така и на други приватни или јавни базени независно дали се изведени со фолија или плочки. За подетални информации околу цената на одржување и други информации кои ве интересираат околу одржувањето на вашиот базен Ве молиме контактирајте не.
Хемиско Третирање на базен

- Проверка на Пх вредност и дозирање
- Проверка на Хлор вредност и дозирање
- Хемиско третирање со Алгицид , Шок Хлор
 
 

ФОТОГРАФИИ

Todovovic 04
Todorovic 03
Todorovic 02
Todorovic 01

КОНЗЕРВИРАЊЕ

Конзервирањето на вашиот Диф Базен за во зимскиот период е исто така од голема важност како и редовното одржување,се со цел да се обезбеди долготрајно континуирано функционирање на вашиот базен со што е можно помали трошоци.

Треба да се има во предвид дека конзервирањето мора да се направи пред температурите да паднат под 0 со што би се спречило замрзнување на системот за филтрација и соларното греење кои во себе имаат одредена количина на вода после користењето на базенот од летниот период.
Диф Базени врши конзервирање на базени кои се направени со ПВЦ фолија а исто така конзервираме и базени кои се направени со плочки.

Принципот на конзервирање на овие два типа на базени е различен и се користат различни техники во двата случаи.

За подетални информации околу техниките на конзервирање ве молиме обратете се во нашите канцеларии, нашите стручни лица со задоволство ќе ви одговорат на сите ваши прашања и ќе ви ги објаснат најважните детали кои Вие како сопственик на Диф Базен треба да ги знаете.

Конзервирањето на Диф Базен во суштина се состои од следниве активности:

- Се врши празнење на базенот до одредено ниво

- Се испушта водата од соларното греење доколку имате таков тип на загревање на вашиот базен

- Се празни од вода целокупниот систем за филтрација. (Цевките, Филтерот, Вентилите итн.

- Се ставаат одредени хемиски средства за водата да не биде многу загадена после зимскиот период.

- Се покрива базенот со специјална зимска фолија доколку сопственикот ја поседува, доколку нема таква фолија може да се набави исто од Диф Базени.

ФОТОГРАФИИ

СОЛАР РАПИД - Соларно греење

Сонцето претставува најдобар обновлив и бесплатен извор на енергија. Тогаш зошто да не го искористиме за да ја загрееме водата во Вашиот базен?
Модерната технологија претставена во патентираниот германски соларен систем за греење на вода во базен, SOLAR-RAPID
® и ДИФ Базени за Вас го овозможува тоа.
Спореден со останатите енергетски ресурси како нафта, природен гас или електрична струја чија цена се повеќе расте , солар рапид системот има компететивна предност нудејќи бесплатна топлина без трошоци за одржување. За разлика од соларните системи за топла санитарна вода кои затоплуваат само мала количина вода (околу 100 литри/ 1 ден) до температура од околу 60°C, SOLAR-RAPID® патентираниот германски соларен систем затоплува голема количина вода (околу 50.000 литри/ 1 ден) и тоа со зголемување на температурата на водата од 5-8 °C повеќе од постоечката.

SOLAR-RAPID® системот има топлинска ефикасност од 91% поради специјалниот ребраст дизајн и материјал од полипропилен отпорен на УВ зраци и температури од околу -45°C до +130°C.
Компатибилноста на SOLAR-RAPID® системот овозможува негово поврзување на стандардните цевки од постоеЧката водна инсталација од базенот.
Продолжете ја сезоната на капење и уживајте во бесплатна топлина во Вашиот ДИФ базен почнувајќи од пролет  па се до есен!
ДВОЈНО ПОДОЛГА сезона за пливање за ДВОЈНО ПОГОЛЕМО задоволство за Вас!

- Компетитивна предност која се состои од 60 - 80% пониски инвестициони трошоци во однос на другите видови соларни системи

- Бесплатна топлина со Солар рапид  и ДИФ Базени за Вас без трошоци за одржување, како и без потреба од користење на енергетски ресурси како нафта,природен гас или електрична енергија

- Ниски цени и висока топлинска ефикасност од 91%

- Солар рапид системот е компатибилен со постоечката водна инсталација

- Произведено во Германија

- 10 години гаранција на солар рапид колекторот

- Уживајте во пливањето дури до 7 месеци годишно со SOLAR-RAPID® и ДИФ Базени за Вас
СОЛАРНО ГРЕЕЊЕ СО SOLAR-RAPID® И ДИФ БАЗЕНИ

Фотографии

Видео

Документи

Базен Куманово

Базен Елшани

Базен Велгошти

Базен Бараки Охрид

Базен Струмица

Базен Кочани

Базен Пештани

Базен Охрид

Базен Корча Албанија

ПРОЕКТИ

 
 
 
 
 
 
 
 

Нашите Канцеларии:

🖈 Адреса
с.Косел, Комплекс ЕМО
6000, Охрид
Р.Македонија 
🕽 Телефон
00 389 46 230 035 Канцеларија
00 389 76 494 159 Бобан
00 389 70 352 824 Ристе
Емаил
kitanoski@difbazeni.com
bgerasimoski@gmail.com

Нашите Канцеларии:

🖈 Адреса
с.Косел, Комплекс ЕМО
6000, Охрид
Р.Македонија 
Емаил
kitanoski@difbazeni.com
bgerasimoski@gmail.com